Утрински Весник
Спорт

Шенгелија: Турците се агресивни, добиваме смртни закани

Шенгелија: Турците се агресивни, добиваме смртни закани
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најдобриот грузиски кошаркар Торнике Шенгелија се огласи на социјалните мрежи по големите инциденти кои се случија по натпреварот меѓу неговата репрезентација и селекцијата на Турција.

dobivaj vesti na viber

Грузија, пред два дена, по две продолженија, ја победи Турција со 88:83. Мечот го обележа инцидентот на теренот помеѓу Коркмаз и Санидзе, исклучувањето на турскиот селектор Атаман и обвинувањата на Турците дека Коркмаз бил нападнат пред соблекувалната.

Шенгелија тврди дека турските играчи биле агресивни и упатиле сериозни закани. Тој смета дека неговите соиграчи не требао да паднат на тие провокации.

Шенгелија не игра на актуелниот Евробаскет бидејќи го повреди рамото, но на секој натпревар е со својата селекција.

„Не требаше да реагираме на провокациите. Реагиравме како луѓе, како мажи и покажавме реакција. Од друга страна, кога ќе почне конфликтот на теренот, тој треба да остане таму. Не треба да барате, физички да се пресметате од играчите на другиот тим, кои играат пред своите семјества, пријатели. Не само тоа, кога отидовме во соблекувалната, провокациите продолжија. Не нарекуваа со секакви имиња и со раце ни покажуваа секакви работи. Поинаква слика даваа пишувањата на турските медиуми, а тоа предизвика агресивни реакции на турските навивачи кон нашите семејства. Тоа се многу вознемирувачки пораки и ни се заканија со смрт“, изјави Токо Шенгелија.

Инаку, Турците се заканија дека ќе го напуштат Евробаскетот доколку не добијат видео од конфликтот во тунелот во кој Коркмаз наводно бил нападнат од грузиски играчи и обезбедување. ФИБА отвори истрага поради ова.

Можете да прочитате

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Наполи поразен во Удине – 24info.mk

Турнејата на Меси низ Индија започна во хаос, лутите навивачи фрлаа седишта на теренот