Утрински Весник
Свет

Кралицата Елизабета ја прифати оставката на Џонсон, средбата во замокот заврши по 40 минути

Кралицата Елизабета ја прифати оставката на Џонсон, средбата во замокот заврши по 40 минути

Борис Џонсон го напушти замокот Балморал во Шкотска откако се сретна со кралицата Елизабета Втора.

dobivaj vesti na viber

Бакингемската палата објави дека монархот ја прифатил неговата оставка.

Џонсон и неговата сопруга Кери поминале речиси 40 минути со кралицата пред да ја напуштат палатата неколку минути пред пладне.

Сега Лиз Трас ќе се упати во замокот за да се сретне со кралицата и официјално да биде именувана за следен премиер на Велика Британија. После тоа ќе се врати во Лондон каде ќе одржи говор пред Даунинг стрит.

Новата премиерка денеска најверојатно ќе избере нов кабинет.

Можете да прочитате

“Рајанер” го зголемува дозволениот бесплатен рачен багаж

САД воведоа нови санкции врз Иран и Хезболах

Ужас во Германија: Ги нападнал со секира патниците во воз