Утрински Весник
Македонија

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Img 7705.jpeg

По повод изборот на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, денес се одржа свечен прием кој обедини истакнати политички, дипломатски и општествени фигури.

На настанот присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на АНБ Бојан Христовски, американската амбасадорка Анџела Агелер, Претседателот на СДСМ Венко Филипче, пратеници, амбасадори од речиси сите земји членки на НАТО, како и поранешни и актуелни политичари, новинари и претставници на невладиниот сектор.

Во својот говор, Шекеринска ја изрази својата благодарност до сите кои ја поддржаа нејзината кандидатура, нагласувајќи ја важноста на заедништвото. „Секој сам сме губитници, а заедно сме посилни,“ рече таа, истакнувајќи дека овој успех е заеднички.

Таа го оцени својот избор како значаен момент за Македонија, која пред само четири години стана полноправна членка на НАТО, а денес има свој претставник во највисокото раководство на Алијансата.

На приемот беше потенцирано дека ова е историски успех, не само за Шекеринска како личност, туку и за државата. Со оваа улога, Шекеринска станува највисоко позициониран политичар од Македонија на меѓународната сцена, дополнително зајакнувајќи ја улогата на земјата во глобалните безбедносни процеси.

Овој момент претставува потврда за посветеноста на Македонија кон евроатлантските вредности и сигнал за нејзината способност да придонесе кон регионалната и глобалната безбедност.

Можете да прочитате

Арсовска до Николовски: Откако цела држава виде дека имаш надлежност да рушиш дивоградби, почни со тие што се реална закана

„ДУИ ги остави пожарникарите на немилост, вработуваме 400 пожарникари и градиме функционален систем за противпожарна заштита“, велат од „Влен“

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата