Утрински Весник
Магазин

Шефот на студиото „Марвел“ смета дека лудилото за филмови со суперхерои никогаш нема да престане

Шефот на студиото „Марвел“ смета дека лудилото за филмови со суперхерои никогаш нема да престане
Ss2

„Марвел“ со години е константа на големото платно како титан во жанрот суперхерои.

dobivaj vesti na viber

Меѓутоа, со оглед на тоа што фановите го критикуваат недостигот на цел на студиото во неодамнешните филмови од Фазата 4, сепак, сè послабата привлечност е далеку од големата треска што дојде со епската завршница на Фазата 3 со „Одмаздници: Крај на играта“ во 2019 година поставувајќи го прашањето дали ова значи крај за филмовите базирани на стрипови.

300x250 (7)

Шефот на студиото на „Марвел“, Кевин Фиџ, ја побива таквата изјава во поткастот The Movie Business Proposal имплицирајќи дека ова не е првпат да мора да се занимава со такви претпоставки.

„Јас сум во ‘Марвел’ повеќе од 22 години, а повеќето од нас овде во студиото сме заедно околу една деценија или подолго“, рече тој.

„Од мојата втора година тука во ова студио луѓето прашуваа: колку долго ќе трае ова? Дали оваа мода на стрип-филмови (филмови адаптирани на стрипови) ќе заврши?“

Фиџ го изедначи прашањето со некој што прашува дали филмовите засновани на романи би можеле да завршат ставајќи акцент на 80-те години продукција „Марвел“ и на можноста безброј приказни што може да се адаптираат на исто толку безброј начини.

Ss1

Можете да прочитате

Словенец освоил 60 милиони евра на европската лотарија

Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж” во Париз

СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна