Можно е водачот на одредот „Вагнер“, Евгениј Пригожин да се откажал од вооружениот бунт бидејќи немал поддршка од својот народ, тврди директорот на ЦИА Вилијам Бернс, пренесува хрватски „N1“.
Новинарката го прашала Барнс за краткиот бунт на Пригожин минатиот месец, барајќи од директорот на ЦИА да објасни зошто водачот на платеничката група се откажал, пренесува „Business Insider“.
„Некои од неговите луѓе беа нервозни“, рече Барнс.
„Тие не аплицираа за тоа“.
На 23 јуни, Пригожин, некогаш близок советник на Путин, остро го критикуваше руското воено раководство и ги предводеше своите трупи на марш кон Москва за време на кој одредот собори неколку руски воени авиони, по што Пригожин одеднаш се сврте и се откажа од бунтот и многумина се прашуваа зошто сето тоа, анализираат медиумите.
Говорејќи на конференцијата минатата недела, Бернс рече дека Пригожин „смислува потези во лет“.
Брнс, исто така, нагласи дека има само пет илјади мажи со Пригожин што не е доволно за да ја заземе Москва.