Утрински Весник
Спорт

Шчесни ја донесе Полска на чекор до осмина-финалето

Шчесни ја донесе Полска на чекор до осмина-финалето

Полска направи џиновски чекор кон пласманот во осмина-финалето на Мундијалот во Катар. Полјаците во второто коло, во Ц-групата ја совладаа Саудиска Арабија со 2:0 (1:0). Покрај стрелците Зјелински и Левандовски, херојот на Полска е голманот Шчесни, кој имаше неколку брилијантни интервенции.

dobivaj vesti na viber

Полска со четири бода ќе ја чека Аргентина во третото коло, Саудијците пак, по сензационалната победа над Аргентина останаа на три бода. Во последната рунда тие ќе се сретнат со Мексико.

Полска заслужено славеше над Саудиска Арабија и покрај тоа што во поголемиот дел од натпреварот беа во подредена положба.

Прашање е како ќе се одвиваше натпреварот доколку судијата Сампајо, во 20. минута му го покажаше вториот жолт картон на Метју Кеш.

Офанзивата на Саудиска Арабија од почетокот на натпреварот, за момент ја запре Зјелински, кој го постигна првиот гол во 39.минута. Кеш повлече контра, по која Левандовски му асистираше на Зјелински, кој од пет метри ја погоди мрежата на Саудиска Арабија.

Голманот на Полска, Војичех Шчесни, стапи на сцена во 45.минута. Најпрвин го одбрани пеналот на Ал Давсари, а потоа на неверојатен начин во корнер го исфрли и ударот на на Ал Брејк.

Шчесни беше во глава улига и во 54.минута со уште една неверојатна интервенција, кога го спречи Ал Давсари да постигне гол.

Саудијците опасно притиснаа во вториот дел, создаоа неколку опасни ситуации пред голот на Полска, но не успеаја да ги реализираат.

Полјаците одговорија во 63. и 66.минута кога по ударите на Милик и Левандовски, сојузници на Саудијците беа гредата и стативата.

Лошата реализација на фудбалерите на Саудиска Арабија во 92.минута ја казни Левандовски, кој го искористи киксот на Ал Махли. За најдобриот послки стрелец, ова беше првиот гол на Мундијалите.

Можете да прочитате

Над три милиони луѓе во салите ги следеа натпреварите од регуларниот дел од Евролигата

Италија го обезбеди петтото место во Лигата на шампионите

Дождот направи хаос, Норис пред Хамилтон и Алонсо на пол-позицијата за спринт-трката во Шангај