Утрински Весник
Македонија

Шаќири се надева дека печатењето на учебниците ќе заврши пред второ полугодие

Шаќири се надева дека печатењето на учебниците ќе заврши пред второ полугодие

Постои надеж дека учениците од прво, второ, четврто и од петто одделние во основните училишта ќе добијат учебници пред второто полугодие. На стартот од учебната година, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, посочи дека уште не е избрана фирма која ќе ги печати. За новинарското прашање за тоа чија е одговорноста што ова не е направено пред почетокот на годината, министерот одговори: „Вашето прашање е тенденциозно“.

dobivaj vesti na viber

„Кога ќе поставите друг пат прашање, ќе треба да знаете и одговор. Не е избран економскиот оператор. До учениците се доставени учебници и материјали. Тоа значи дека учениците кои учат оваа година, во брз рок ги имаат добиено учебниците за 6,7,8,9 одделение. За децата (од прво до петто одделение) да немаат товар во нивниот фамилијарен буџет, има подготвителни материјали кои се доставуваат навремено. Некаде се доставени, некаде ќе бидат доставени“, посочи Шаќири.

Тој посочи дека постапката за печатење на книгите за четири предмети, кои сега ги нема, меѓу кои се и за македонски јазик и математика, е започната навреме. За материјалите кои се делат на учениците, а треба во првото полугодие да ги заменат ученибиците, Шаќири додаде: „Материјалот е подготвен според учебната програма“.

Можете да прочитате

Трендафилов: Не туркајте не на улица, минималната плата е прашање на живот

Онлајн пазарувањето ги празни трговските центри, трендот расте и во Македонија

Реакција од Министерството за одбрана на соопштението од политичката партија СДСМ