Утрински Весник
Спорт

Трабзон го продадоа Корнелиус, го донесоа Макси Гомез

Трабзон го продадоа Корнелиус, го донесоа Макси Гомез

Неочекуван пресврт се случи во врска со трансферот на Макси Гомез. Уругваецот го чекаа во фенербахче, но тој во последен момент ја смени одлуката и реши да се пресели во Трабзон. Актуелниот турски шампион експресно најде замена за Андреас Корнелиус кој се врати во Данска, во Копенхаген.

dobivaj vesti na viber

Парите што ги доби од трансферот на Корнелиус, станува збор за сума од шест милиони евра Трабзон ги вложи во Макси Гомез.

26-годишниот Уругваец доаѓа од Валенсија каде ги мина последните три години и со која беше под договор до 2024. Сезонава Макси Гомез одигра вкупно три натпревари за тимот на Местаља, без ниту еден постигнат гол.

Не беше многу ефикасен ниту минатата сезона, во која на 32 одиграни натпревари постигна пет гола.

Можете да прочитате

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона