Утрински Весник
Македонија

Шаќири-Бун: Франција е важен сојузник на Северна Македонија во приближувањето кон европските образовни вредности

Шаќири-Бун: Франција е важен сојузник на Северна Македонија во приближувањето кон европските образовни вредности

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска во резиденцијата на Амбасадата на Франција во Скопје, оствари работна среда со Француската државна секретарка за Европа, г-ѓата Лоранс Бун и дипломатскиот претставник во земјава г-динот Сирил Бомгартнер.

dobivaj vesti na viber

Соговорниците за време на состанокот ја истакнаа досегашната успешна соработка во областа на образованието, при што министерот Шаќири изрази благодарност до француската Влада и народ за поддршката која ја добива земјава во процесот на интеграција во Европската Унија.

– Франција е важен сојузник на Северна Македонија во приближувањето кон европските образовни вредности. Покрај поддршката која ја добиваме во имплементација на реформите, со државната секретарка г-ѓата Бун и амбадасадорот Бомгартнер, дискутиравме и за изучувањето на францускиот јазик на сите нивоа на образованието, неговото зајакнување во образовниот процес, бидејќи јазикот е патоказ кој најдобро може да зближи две различни култури и традиции, истакна Шаќири.

Успешната соработка помеѓу двете земји, неодамна беше потврдена и на Саемот на студии во Франција, каде традиционално голем број високообразовни институции од Француската Република ги претставуваат своите програми и преку кој голем број македонски студенти се одлучуваат да го продолжат своето образование во една од најразвиените земји во Европа.

Можете да прочитате

Грета Тунберг во Македонија, го посети Тетово

Мицкоски: Создавањето семејство е патриотски чин и денес така се брани иднината

За градоначалникот на Крива Паланка кривичната пријава е заплашување пред изборите