Утрински Весник
Култура

„Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини в петок во Националната опера и Балет

„Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини в петок во Националната опера и Балет

В петок со почеток во 20 часот, во салонот на Националната опера и балет ќе се одржи популарната opera buffa, „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Приказна за победата на младоста и љубовта, комична опера во два чина.

dobivaj vesti na viber

Диригент е Андреја Наунов. Режисер е Урсула Хорнер (Австрија), сценограф Марија Ветероска, костимограф Марија Пупучевска.

Изведувачката екипа ја сочинуваат: Фигаро: Васко Здравков, Розина: Билјана Јосифов, Гроф Алмавива: Благој Нацоски, Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Силјановски,Берта: Соња Пендовска Мадевска, Фиорело: Драган Ампов, Амброзио: Јане Дунимаглоски, Камениот човек: Борко Биџовски. Хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

Операта „Севилскиот бербер“ на Џоакино Росино изобилува со извонредни и возбудливи вокални и оркестарски делници и комична елеганција со кои ретко кое друго оперско дело може да се спореди.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“