Утрински Весник
Свет

Северна Кореја: Секоја провокација од САД ќе ја сфатиме како објава на војна

Северна Кореја: Секоја провокација од САД ќе ја сфатиме како објава на војна
Dik 300x250 mk

Северна Кореја соопшти дека секој потег за соборување на една од нејзините пробни проектили ќе се смета за објава на војна и ги обвини заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја за зголемените тензии.

dobivaj vesti na viber

Ким Јо Јонг, моќната сестра на лидерот Ким Џонг Ун, предупреди во изјавата дека Пјонгјанг ќе го сфати како „објавување војна“ доколку САД преземат воена акција против тестовите за стратешко оружје на Северот.

Таа, исто така, навести дека Северна Кореја може да истрела повеќе проектили во Тихиот Океан. САД и нивните сојузници никогаш не ги собориле севернокорејските балистички ракети, кои се забранети од Советот за безбедност на Обединетите нации, но ова прашање повторно привлече внимание бидејќи Северот посочи дека ќе истрела повеќе ракети кон Јапонија.

„Во Тихиот океан не доминираат САД или Јапонија“, рече Ким.

Аналитичарите велат дека ако Северна Кореја ја следи својата закана да го претвори Тихиот океан во „рамниште за лансирање“, тоа ќе и овозможи на изолираната и нуклеарно вооружена нација да направи технички напредок, истовремено сигнализирајќи ја нејзината воена решителност.

Во посебна изјава, шефот на Одделот за надворешни работи во Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ги обвини САД дека ја „ескалираат“ ситуацијата со спроведување на заедничка воздушна вежба со бомбардер Б-52 во понеделникот и планирање американско-јужнокорејски вежби на теренот,пренесе Денес.рс.

Можете да прочитате

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп

Американската армија до своите војници во Германија: Побарајте помош од народните кујни

Каков имот има новиот градоначалник на Њујорк и колку ќе заработува?