Утрински Весник
Свет

Северна Кореја лансираше ракета која може да го погоди копното на САД

Северна Кореја лансираше ракета која може да го погоди копното на САД
300x250 (7)

Северна Кореја, која лансираше најмалку 88 балистички и други проектили оваа година, истрела ИЦБМ што може да лета 9.300 милји (речиси 15.000 километри) или подолго.

dobivaj vesti na viber

Тоа значи дека ракетата може да стигне до копното на САД, изјави јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада, пренесе Еј-би-си њуз.

300x250 (7)

И САД и јужнокорејските војски ги анализираат податоците, но последното лансирање на Северна Кореја вклучуваше ракета што поминала растојание од 1.000 километри, според јапонските и јужнокорејските власти.

Ракетата достигна височина од речиси 6.000 километри и леташе 69 минути пред да падне на околу 210 километри од Хокаидо во северна Јапонија, потврдија властите.

Командантот на 35-то борбено крило во воздухопловната база Мисава во северна Јапонија им нареди на сите во базата да се засолнат 23 минути по лансирањето на проектилот.

„Во овој момент, нема дополнителни индикации или предупредувања за непосредна закана за воздухопловната база Мисава“, рече командантот Мајкл Ричард.

Претседателот Џо Бајден е свесен за ситуацијата и ќе продолжи тесно да се консултира со сојузниците, се вели во соопштението на Булата куќа, пренесуваат медиумите.

Ss1

Можете да прочитате

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа

Бајден со задоволство ќе учествува на дебата со Трамп

Израел го извести Египет дека дава „последна шанса“ да го реши прашањето за заложниците