Утрински Весник
Спорт

МЗТ Скопје поради слободните фрлања се „лизна“ против ФМП

МЗТ Скопје поради слободните фрлања се „лизна“ против ФМП

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром загубија со 101:97 на гостувањето во Белград против ФМП во АБА-лигата. Со одлична игра во последната четвртина тие дојдоа на чекор до израмнување (97:96), но Кефи не реализира клучно слободно фрлање за да дојде мечот во егал на 11 секунди пред крајот.

dobivaj vesti na viber

Првата четвртина ја доби ФМП со 33:24, но МЗТ Скопје возврати во вториот период и на одмор замина со два поена негатива (55:53).

Третата четвртина повторно им припадна на домашните кошаркари, а избраниците на Александар Петровиќ се кренаа во финишот. Сепак, на крајот забележаа нов пораз.

Паулиус Валинскас со 19 поени беше најефикасен во редовите на ФМП, додека Мајкл Кефи и Страхиња Мичовиќ постигнаа по 18 кошеви за тимот на МЗТ Скопје Аеродром.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами