Утрински Весник
Свет

Северна Кореја лансира нова балистичка ракета, САД и Јужна Кореја се заканија со воен одговор

Северна Кореја лансира нова балистичка ракета, САД и Јужна Кореја се заканија со воен одговор

Северна Кореја денеска лансираше балистичка ракета со краток дострел (СРБМ) од нејзиниот западен брег, соопшти војската на Јужна Кореја.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението на заедничкиот генералштаб на јужнокорејските и американските вооружени сили, беше објавено дека проектилот бил лансиран во 11:05 часот по локално време од областа Тонгчанг-ри на западниот брег на Северна Кореја и дека проектилот летал 800 километри пред да падне во морето, пренесува Јонхап.

Во соопштението се наведува дека ова е уште една провокација и непријателски чин на Пјонгјанг поради тековните заеднички воени маневри на јужнокорејските и американските вооружени сили.

„Разузнавачките служби на Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави вршат сеопфатна анализа на спецификите на лансираните ракети“, се вели во соопштението, во кое се додава дека сојузниците ќе ја изведат својата комбинирана воена вежба „со висок интензитет и темелност“.

Јужна Кореја и САД ја изразија својата решеност да ја задржат максималната борбена готовност во случај на какви било провокации од Северна Кореја.

„Силно ја осудуваме серијата ракетни тестови на севернокорејски балистички ракети како чин на сериозна провокација што им штети на мирот и стабилноста не само на Корејскиот полуостров, туку и на целата меѓународна заедница. Тоа е јасно кршење на Резолуцијата на Советот за безбедноста на ОН“, се наведува во соопштението на Здружениот Генералштаб и се апелира до Пјонгјанг веднаш да ги прекине сите лансирања на проектили.

Јапонскиот министер за одбрана Тоширо Ино оцени дека однесувањето на Северна Кореја е неприфатливо, бидејќи го загрозува меѓународниот мир и безбедност.

Можете да прочитате

Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница

Голем руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Се отстранува срушениот мост во Балтимор, пристигна кран кој може да подигне 1.000 тони