Утрински Весник
Спорт

Сестрата на Роналдо „удри“ по Португалците: Болни, глупави, без душа…

Сестрата на Роналдо „удри“ по Португалците: Болни, глупави, без душа…

Сестрата на Кристијано Роналдо, Катија Авеиро, застана во одбрана на својот брат. Португалецот е мета на критики од навивачите и медиумите по слабите игри во дресот со националниот грб.

dobivaj vesti na viber

Португалија, во вторникот, загуби во последното коло од Лигата на нации од Шпанија на домашен терен (0:1) и не успеа да се пласира на завршниот турнир.

Медиумите во своите анализи, бараат Роналдо да му го отстапи своето место во првата постава на некој од помладите играчи.

Насловите во медиумите предизвикале револт кај сестрата на Роналдо.

„Португалците плукаат по чинијата од која јадат, така било секогаш. Неопходно е да им се подаде рака на оние кои секогаш давале се од себе за Португалија. Но, Португалците (навивачите) можат да бидат болни, ситни, бездушни, глупави. .. вечно неблагодарни“, напиша таа на Инстаграм.

Светското првенство во Катар се очекува да биде последниот голем турнир за Кристијано Роналдо во националниот тим.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина