Утрински Весник
Македонија

Сервер: Најдобриот пат што С. Македонија треба да го следи е интеграција во ЕУ

Picture 314 660x500 1.jpg
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

По двојните избори што на 8 мај се одржаа во нашата земја и на кои убедлива победа извојува десно ориентираната ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседателски кандидат Гордана Силјановска-Давкова, најдобриот пат што Северна Македонија треба да го следи е интеграција во ЕУ, изјави за МИА Даниел Сервер, експерт за Балканот. Сервер е професор на катедрата за напредни меѓународни студии при универзитетот Џон Хопкинс и е убеден дека новата влада нема да успее на следните избори ако, како што вели, не го реши прашањето со Бугарија и го забави процесот за членство во ЕУ. -Најдобриот правец за Македонија е Европската Унија. Не гледам друга алтернатива што може да донесе подобар животен стандарт, повеќе слобода на говорот или зголемена безбедност, изјави денеска тој. Во својот коментар тој се осврна и на Преспанскиот договор опишувајќи го како „добар кој ги признава интересите на двете страни“ Северна Македонија и Грција. -Треба да се забележи дека Преспанскиот договор експлицитно го штити правото на граѓаните да ја нарекуваат земјата како што сакаат (Член 7, параграф 5). „Северна Македонија“ се бара само во официјална употреба, посочува тој. . На прашањето за злонамерното влијание на Русија на Балканот и дали гледа можни закани по Преспанскиот договор, Сервер кажа дека не гледа закани туку само опортунизам. -Заканата доаѓа од луѓето кои не сакаат да го прифатат и со тоа да ја отфрлат Македонија назад во несигурност и изолација. Постои закана и од руското влијание, Москва е спремна да ги охрабрува сите оние приврзани кон етнонационализмот и поделбите, наместо кон меѓуетничката соработка и лојалноста кон државата. Идната влада ќе биде исправена и пред предизвикот со барањата на Бугарија за промена на Уставот, а на што ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува. -Претпочитам устави што не именуваат етнички групи. Сметам дека бугарските барања за уставни промени се прекумерни. Но, Скопје треба да изнајде решение со Софија кое ќе овозможи Северна Макеонија да пролжи со прогресот кон ЕУ, рече Сервер. Според него, кандидатите за членство во ЕУ се соочени со тажна вистина – постечките земји членки имаат големо влијание врз какво и да било нерешено билатерално прашање „што и да се договори со Софија би било мала цена што треба да се плати за непредок кон ЕУ“. -Скопје и Софија имаат повеќе причини да соработуваат отколку да се конфронтираат. Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го признае тоа и ќе бара решение наместо постојани триења, оценува Сервер. Тој предвидува дека идната влада предводена од оваа партија нема да успее на следните избори ако не го реши прашањето со Бугарија и го забави членството на земјата во ЕУ.

Pet Utrinski

Можете да прочитате

Ќерим: Пораката на Сиљановска Давкова беше за мнозинството граѓани што гласаа за неа, а не да се испровоцира Грција

Мицотакис ја актуелизираше трговската ознака „Macedonia the Great“ како „моќно средство на економската дипломатија“

Европски фронт не ја исклучуваат можноста за протести по изборните резултати