Утрински Весник
Македонија

СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ И ДО ПЕШАЦИТЕ: Очекуваме силен мраз, кој може да создава проблеми!

Meteoalarm.mk 26 1.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Пред нас е исклучително ладно време, со многу ниски температури на воздухот, како во ноќните и во утринските часови, па така  и преку ден. Во ноќните  и во утринските часови насекаде низ Македонија температурите ќе се спуштаат под нулата, на повеќе места и близу -10 степени, а во делови од Македонија температурите се очекува да се спуштат  и под -10 степени, односно близу -15 степени.


Максималните дневни и преку ден на повеќе места ќе бидат близу, или за некој степен над нулата, а во делови од Македонија тие  и преку ден ќе останат под нулата, особено до крајот на работнава седмица.

Со оглед на тоа дека насекаде низ Македонија има снежна покривка, и појава на силен мраз, а појава на силен мраз очекуваме се до крајот на оваа седмица, особено силен мраз очекуваме во ноќните  и во утринските часови.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ И ДО ПЕШАЦИТЕ: Со оглед на тоа дека очекуваме појава на силен мраз, а снежната покривка во повеќето градови низ Македонија  е позначителна, и не очекуваме нејзино забрзано топење во следните денови, и тоа поради многу ладното време кое ќе го имаме, во ваква ситуација, ги предупредувме возачите да внимаваат како се движат по лизгавите коловози, односно да се движат со намалена брзина, исто така крајно внимателни да бидат и пешаците со нивното движење,  за да не дојде до пад и до создавање на повреди кај граѓаните.

Можете да прочитате

Мајката на Фросина Кулакова се обрати до јавноста, има само една молба

Љутков: Гевгелија е Град на културата за 2025 година

ДУИ претстави сеопфатна стратегија за реформи: Во фокусот борбата против корупција