Утрински Весник
Македонија

СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ И ДО ПЕШАЦИТЕ: Очекуваме силен мраз, кој може да создава проблеми!

Screenshot 20250114 131805 Gallery.jpg

Пред нас е исклучително ладно време, со многу ниски температури на воздухот, како во ноќните и во утринските часови, па така и преку ден. Во ноќните и во утринските часови насекаде низ Македонија температурите ќе се спуштаат под нулата, на повеќе места и близу -10 степени, а во делови од Македонија температурите се очекува да се спуштат и под -10 степени, односно близу -15 степени.

Максималните дневни и преку ден на повеќе места ќе бидат близу, или за некој степен над нулата, а во делови од Македонија тие и преку ден ќе останат под нулата, особено до крајот на работнава седмица.


Со оглед на тоа дека насекаде низ Македонија има снежна покривка, и појава на силен мраз, а појава на силен мраз очекуваме се до крајот на оваа седмица, особено силен мраз очекуваме во ноќните и во утринските часови.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ И ДО ПЕШАЦИТЕ: Со оглед на тоа дека очекуваме појава на силен мраз, а снежната покривка во повеќето градови низ Македонија е позначителна, и не очекуваме нејзино забрзано топење во следните денови, и тоа поради многу ладното време кое ќе го имаме, во ваква ситуација, ги предупредувме возачите да внимаваат како се движат по лизгавите коловози, односно да се движат со намалена брзина, исто така крајно внимателни да бидат и пешаците со нивното движење, за да не дојде до пад и до создавање на повреди кај граѓаните.

Можете да прочитате

Муцунски: Нашиот пристап е да бидеме најдобрата влада пред граѓаните, но и во очите на нашите европски партнери во делот на испорачаните реформи

Сајкоски: Комисијата за избори и именувања не е надлежна самата да презема нешто околу интерпелацијата за Даути

Муртезани и Фидан: Заедничка визија за силен Балкан и европска иднина