Утрински Весник
Балкан

Серијата земјотреси на Балканот

1708588838 D0b2d0b5d187d0b5d180d0b2d0b0 D0b7d0b5d0bcd198d0bed182d180d0b5d181 D0bed0b4 5 2 D181d182d0b5d0bfd0b5d0bdd0b8 D0b2d0be D0b0d0bbd0b1d0b0 63cba5e1d9d94.jpeg

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина, јавува ЕМСЦ. Земјотресот се почувствува на длабочина од девет километри. Регистриран е во 7 часот и 42 минути по локално време на длабочина од девет километри. Епицентарот бил на 29 километри од Мостар.

Два земјотреси синоќа се регистрирани и во Хрватска. Првиот, со јачина од 1,9 степени според Рихтеровата скала, се случил 55 минути по полноќ на длабочина од осум километри, а епицентарот, според ЕМСЦ, е регистриран на осум километри од Загреб. Три минути по првиот, регистриран е и втор посилен земјотрес со јачина од 2,8 степени, исто така, во околината за Загреб. Вториот бил на длабочина од 4,6 километри.

Освен во Хрватска, синоќа земјотрес е регистриран и во соседна Албанија. Потресот со јачина од 3,4 степени се случил во 20:59 часот по локално време на oддалеченост од 19 километри од Валона, а на длабочина од 10 километри.

Можете да прочитате

Почина Драган Марковиќ Палма – 24info.mk

Започнаа сослушувањата на уапсените за трагедијата на железничката станица во Нови Сад

Словенија целосно ќе ги почитува налозите за апсење на МКС