Утрински Весник
Спорт

„Септември месец сме, рано е да зборуваме за клупата на Реал“

„Септември месец сме, рано е да зборуваме за клупата на Реал“

Карло Анчелоти ќе ја преземе функцијата селектор на Бразил, а Реал Мадрид на крајот од сезоната ќе мора да бара нов тренер. Радио Марка веќе објави дека потрагата по него е завршена и дека Реал следната сезона ќе го води актуелниот тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо.

dobivaj vesti na viber

Реал мора да му плати отштета на Баер за тренерот, бидејќи Шпанецот има договор со германскиот клуб до 2026 година. Алонсо е еден од најдобрите играчи од средниот ред во историјата на Реал, одигра 246 натпревари за мадридскиот клуб и освои се што може да се освои на клупски план. .

Алонсо е тренер на Баер од октомври минатата година. Тој го презеде клубот по осум кола кога беше претпоследен на табелата и го искачи на шестата позиција и избори место во полуфиналето на Лига Европа. Неговиот тим моментално е трет во поредокот, со четири победи и едно реми по пет одиграни натпревари. Тој ги коментираше гласините за преземање на Реал.

„Сега сме во месец септември, прерано е да се зборува за тоа. Така што сега не може тоа да биде тема. И играчите и јас знаеме како оди оваа работа, нема проблем. Се уште не сме разговарале за тоа“, рече тој.

Foto/ EPA

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо