Утрински Весник
Македонија

Сепак по ова преубаво есенско време, доаѓа вистинска зима на Балканот?!

1729784071 Image 2.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Според најновите излези на прогностичките модели, и тоа на двата најажурни модели, Европскиот модел (ECMWF), како и на Глобалниот модел (GFS), до самиот крај на овој месец продолжува стабилното, суво и сончево време со натпросечно високи температури на воздухот преку ден, но наутро останува релативно студено и со појава на магла  и на ниска облачност по одделни котлини.

Сепак, најновите ажурирања на истите, како што и претходно најавив, на почетокот на ноември месец, цртаат голема промена на времето и спуштање на многу поладен воздух од северот  и од североистокот на Европскиот Континент кон Балканот и Македонија.

Во ваква ситуација, очекуваме вистински зимски температури уште во почетокот на ноември месец, како и прво провејување на снег понекаде  и во градовите ширум Балканот.

Сепак, да напоменам дека ќе ги следам понатамошните ажурирања на прогностичките модели, па така навремено ќе бидете информирани за секоја ново – настаната временска состојба.

А вие, секако до самиот крај на овој месец можете да уживате во преубавите есенски денови, исполнети со многу сонце и со пријатни температури преку ден.

Можете да прочитате

ВРЕДИ ќе учествува на лидерската средба, коалицијата поддржува укинување на техничката влада

Со спречување на пасивното пушење значително ќе се намалат здравствените последици, особено кај децата, и ќе се придонесе за поздрава нација

Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности во Општина Ново Село