Утрински Весник
Спорт

Сензација во АБА лигата: Студентски центар го победи Партизан во Белград

Сензација во АБА лигата: Студентски центар го победи Партизан во Белград

Студентски Центар направи неверојатно изненадување, најголемо оваа сезона во АБА лигата откако го победи Партизан во Белград со 83:84 во првиот меч од четврт-финалната серија. Гостите од Црна Гора одиграа фантастичен меч, а Кевин Пантер на крајот не погоди шут за победа.

dobivaj vesti na viber

Звонимир Ивишиќ беше човекот на одлука, тој го блокираше Лесор, потоа имаше забивање, а го реализира и дополнителното слободно фрлање за предност од 83:84.

Вториот натпревар се игра в четврток во Подгорица, а Партизан и понатаму е голем фаворит во оваа серија.

Можете да прочитате

Аргентина ја елиминира Англија и закажа финале со Шпанија

Вечерва Англија и Аргентина за влез во финалето

Шпанија во финалето на Светското првенство