Сенегал оствари триумф (1-3) над Катар и се врати во игра за пласман во осминафиналето, а домаќинот успеа да го постигне првиот гол на светските првенства. Мечот почна здодевно, но како што одминуваше времето следеа и шанси и голови.
Булаје Диа во 41.минута ја искористи грешката на одбраната на Катар и донесе водство за Сенегал, а на почетокот на вториот дел Фамара Ѓеѓу зголеми на 0:2.
Катар не се предаде, тргна во напад, па Мохамед Мунтари со удар со глава во 78.минута го постигна првиот гол за оваа селекција на Мундијалот. Сепак, Сенегал не дозволи изненадување и преку Бемба Диенг во 84.минута дојде до конечни 1:3.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк