Утрински Весник
Култура

„Семи, Џо и јас“ со швајцарската актерка со македонско потекло Јана Секуловска во кината

„Семи, Џо и јас“ со швајцарската актерка со македонско потекло Јана Секуловска во кината

Швајцарската драма „Семи, Џо и јас“ во режија на Карин Хеберлајн, во која едната од главните улоги ја толкува 19-годишната актерка од Швајцарија со македонско потекло, Јана Секуловска, од утре премиерно ќе се прикажува во кината низ републиката.

dobivaj vesti na viber

Филмот е на редовен репертоар на киното „Милениум“ во Скопје во терминот од 19 часот, а од утре се прикажува и во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар и во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино.

„Семи, Џо и јас“ задутре се прикажува во Кинотеката и во Центарот за култура во Битола, од каде продолжува во Македонска Каменица.

За Секуловска ова е прв долгометражен игран филм. Во последните две години таа гради актерска кариера во Швајцарија каде се појавува во кратки филмови и реклами. Секуловска минатата година беше специјална гостинка на фестивалот „Џифони Македонија“ каде се сретна со публиката и одговараше на прашања поврзани со филмот. Таа ја игра Лејла, која заедно со Семи и Џо се неразделна група девојки. Тие се подготвени за возбудливо лето после матурирањето. Но, она што следува е сосема непредвидливо и многу посериозно од нивните предвидувања. Силен филм за искушенијата, растењето и пријателството кое е поважно од се друго.

Режисерката Карин Хеберлајн освоила неколку меѓународни награди за „Семи, Џо и јас“, меѓу кои Фестивалот за детски филм во Чикаго, во Цирих и во Шлингел, Германија.

По дипломирањето, тројца неразделни пријатели гледаат како нивните соништа за безгрижно лето полека се заменуваат со сè повозрасни обврски.

Дистрибутер на филмот е „КТ филм и медиа“ од Битола со поддршка од Националната швајцарска агенција за промоција на филмови продуцирани во Швајцарија „Свис филмс“.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“