Утрински Весник
Македонија

Семејствата на загинатите во „Пулс“ бараат финансиска помош и снимање на судската постапка

Diskoteka Puls Pozar Kocani 22.jpg

Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“, што го основаа семејствата на починатите во трагедијата во клубот „Пулс“, испрати допис до државните и правосудните институции во кој се наведени неколку барања.

Во дописот до премиерот Христијан Мицкоски, до претседателот на Собранието Африм Гаши и до претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, родителите бараат да им биде исплатена законската финансиска помош, а исто така семејствата да ја добијат и потребната институционална помош.


Доставивме барање до Основното јавно обвинителство – Кочани да посредува за да оствариме средба со претставници од судска медицина во Скопје. Исто така, имаме барање за комплетен видео и аудиозапис за време на судската постапка, се истакнува меѓу другото во барањето од Здружението.

Здружението „16 март 2025 – Кочани“ го најави и одржувањето на дванаесеттиот „Марш за ангелите“, закажан за в сабота, 5 јули, во 18:05 часот, како израз на незадоволството од бавната реакција на институциите и одолговлекувањето на судската постапка против обвинетите во случајот. (МИА)

Можете да прочитате

Тренчевска: Минимална плата од 600 евра за достоинствен живот на работниците 

Тешка несреќа во Скопје лице прегазено од комбе

Тошковски: Целта на системот ,,Безбеден град” е да спаси човечки живот