Утрински Весник
Економија

Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки

Denari Pari.jpg

Управата за јавни приходи најави засилени контроли на евидентирањето на готовинскиот промет во сите угостителски објекти во пресрет на новогодишните празници. Пред започнување со санкции, УЈП спроведе 3.500 советодавни посети, при што беа утврдени неправилности како нефункционални или погрешно регистрирани фискални апарати, неуплаќање дневен промет и неводење финансиски извештаи.

Анализите на податоците од ГПРС, теренските контроли и ДДВ-пријавите покажале ризични состојби кај дел од обврзниците ниски или идентични дневни промети, несогласувања меѓу фискалните уреди и ДДВ-пријавите и разлика меѓу капацитет и пријавен промет. До крајот на ноември УЈП спроведе околу 4.000 контроли, при што изречени се над 2.500 глоби, а 113 објекти се запечатени.

УЈП апелира граѓаните да бараат фискални сметки и порача дека евидентирањето на прометот е законска обврска, а прекршувањата придонесуваат за сива економија и штета за буџетот.

Можете да прочитате

Велика Британија ги призна криптовалутите како нов вид имот

Мицкоски: Македонската економија мора да излезе од историската замка на ниските плати и евтина работна сила

Левица: Владата во служба на финансиските елити – рекордни добивки за банките, беда за народот