Утрински Весник
Свет

Седум загинати и 77 се поврдени во руски ракетен напад врз Харков

20240831101410 Big 730x400 48.webp.webp
Dik 300x250 mk

Седум лица загинаа, а 77 се поврдени во руски ракетен напад врз станабена зграда и игралиште во североисточниот украински град Харков, соопштија украинските власти. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека меѓу убиените е и едно 14-годишно девојче.

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, на Телеграм потврди дека едно дете е убиено на игралиште и информира дека од ударот се запалила 12-катна станбена зграда. Опожарени се и неколку автомобили паркирани во близина на зградата.

По нападот врз Харков, Володимир Зеленски повторно ги повика западните сојузници на Украина да му дозволат на Киев да користи оружје со долг дострел доставено од Запад за напади на руска територија.

– Нападот немаше да се случи ако нашите одбранбени сили имаа способност да уништат руски воени авиони каде што се распоредени. Нема рационална причина зошто треба да ја ограничиме одбраната на Украина, рече Зеленски на Телеграм.

Спроед Киев, најефекасниот начин да се спречат напади како оној на Харков е да се соборат руските авиони кои лансираат проектили во Украина. 

Можете да прочитате

ОН: Нападите на еврејските доселеници против Палестинците на Западниот Брег во октомври достигнаа рекорден број

Мнозинства по потреба – нова политичка реалност во Европскиот парламент 

Петмина мртви, повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил