Утрински Весник
Свет

Седум повредени во напад во Англија, има и починати

Седум повредени во напад во Англија, има и починати

Полицијата уапси момче на 24-годишна возраст, за напад со нож врз неколку лица во областа Бодмин во Корнвол на југозападот на Англија, при што еден маж (30) беше убиен, а уште седум лица беа повредени.

dobivaj vesti na viber

Полицијата добила дојава дека на плоштадот Викторија во Бодмин во неделата биле избодени неколку лица, а млад човек од тој град е уапсен под сомнение за убиство, обид за убиство и тешка телесна повреда со умисла, јавува Sky News.

Вишата инспекторка Илона Росон, од тимот за истрага на големиот криминал на полицијата во Девон и Корнвол, рече дека станува збор за изолиран напад.

„Истрагата на полицијата е во тек и би ги повикала луѓето да не шпекулираат на социјалните мрежи, но доколку имате какви било информации кои би можеле да ни помогнат, ве молиме пријавете ги“, додаде таа.

Началникот на локалната полиција во Источен Корнвол, Роб Јангман, рече дека истрагата е во рана фаза и дека може да се очекува зголемено полициско присуство околу Бодмин.

Можете да прочитате

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина

Во Велика Британија почна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија