Утрински Весник
Македонија

Седум лица завршија со ампутирани прсти и тешки изгореници од петарди

Lekar 1 750x430 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Седум лица од кои пет деца и двајца возрасни се здобиле со траен инвалидитет поради користење на петарди. Со овие информации министерството за здравство ја заокружи кампањата против пиротехниката со шокантни податоци за повредите за време на дочекот на Новата година.

Лекарите од Универзитетската клиника за пластична хирургија и Ургентниот центар извршиле сложени интервенции, вклучувајќи и ампутации на делови од прсти.

„Овие седум интервенции се потсетник дека за секоја повреда следува долг процес на лекување и трајни последици. Фактот дека кај деца била потребна ампутација доволно зборува за тежината на последиците“, порачаа надлежните на денешната прес-конференција.

Можете да прочитате

Среќен Божиќ! Христос се роди!

Мицкоски со семејно селфи за Бадник – Паричката кај помалиот син

Осветување полициски возила во дворот на МВР предизвика жестока јавна дебата за секуларноста