Утрински Весник
Свет

Швајцарија ги замрзна средствата на Мадуро

Madurooo.jpg

Швајцарската влада донесе одлука веднаш да ги замрзне сите финансиски средства што венецуелскиот претседател Николас Мадуро и лица поврзани со него ги поседуваат во Швајцарија. Целта на мерката е да се спречи евентуално изнесување капитал од земјата. Од швајцарските власти информираат дека, доколку судските постапки утврдат дека средствата се стекнати на незаконски начин, ќе се преземат чекори тие да бидат вратени на венецуелските граѓани.

Иако официјално не е познато колкав имот има Мадуро во Швајцарија, медиумски извештаи од 2021 година наведуваа дека биле идентификувани банкарски сметки со околу 10 милијарди долари, за кои постои сомневање дека потекнуваат од проневерени јавни пари. Одлуката за замрзнување на средствата ќе важи четири години, односно до нова одлука, во зависност од текот на судските процеси.

Можете да прочитате

ЕУ: Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина и нема да ги укинеме санкциите кон Русија

Три деца и наставник убиени во напад на училиште во САД

Трамп го спореди Зеленски со основач на патувачки циркус