Утрински Весник
Македонија

Седум години од „крвавиот четврток“ – кога ВМРО-ДПМНЕ лееше крв за да не ја даде власта

Krvav Cetvrtok 27 April Sobranie Nemiri 3.png

Поминаа седум години од „крвавиот четврток“, датумот кој ќе остане врежан во меморијата на македонскиот народ, како датум кога земјата беше на работ на граѓанска војна поради политички каприци на една партија.

Никој не помислуваше дека може да дојде до таков настан, каде што организирана толпа ќе упадне во Собранието да тепа и убави граѓански претставици во Собранието, со цел да не се испушти власта, која ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја злоупотребуваше.

27 април 2017 година беше удар врз демократијата, граѓаните, медиумите и оние кои се избрани претставници од граѓаните. Поразот кој не можеше да се признае и прифати, ексалираше како вулкан кој не може да се сопре. Како вжештена лава која гори и покрива се пред себе, така вжештената маса тепаше и газеше се пред себе. Вжештените глави на послушниците беа исклучени од разум. Разум и свест за тоа што се случуваше не постоеше. Насилниците од крвавиот четврток, пратени да направат бунт, создадоа страшни крвави сцени исполнети со ужас.

Резултатот од крвавиот упад беа 70 повредени граѓани, 22 полицајци и тројца повредени пратеници, од кои едниот беше претепан речиси до смрт. Овој крвав настаностави длабоки траги на сите присутни во собранието, кои не знаеја дали ќе излезат живи.

Желбата со крв да се зачува власта беше веројатно последниот степен на лудилото на режимот на Никола Груевски, кој по навика во таквите моменти се наоѓаше надвор од државата. Тој и неговите послушници беа подготвени и на граѓанска војна, да умираат македонски граѓани, само за врхушката на ВМРО-ДПМНЕ да остане да владее.

Крвавите сцени од Собранието, кои директно беа пренесувани преку телевизија беа вистински шок за граѓаните, кои во тие моменти беа загрижени за својата безбедност, но пред се за иднината на своите деца.

Сега, седум години подоцна, овој датум останува како едно непријатно, вознемирувачко сеќавање за секој граѓанин, а тие кои упаднаа и кои го организираа тоа, не само што не се извинија, туку до толку не чувствуваат вина, што дури се гледаат и како бранители на Уставот и заговараат нивно ослободување.

Можете да прочитате

Николоски: Автопатот Охрид-Кичево, експресниот пат Градско-Прилеп и браната Отиња се трите проекти со кои ќе се занимавам oд следната недела

ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Температурите од денес па се до недела ќе надминуваат 40 степени, меѓутоа во недела ни се заканува Суперќелијско невреме

Продолжен е рокот за регистрација за изборите за претседател на СДСМ