Утрински Весник
Македонија

Седница на Уставен суд – 24info.mk

Ustaven Sud.webp.webp

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 31-та седница, на чиј дневен ред се десет иницијативи за оценување на уставност и законитост.

Како што информираат од Судот, на седницата ќе се одлучува по иницијативи со кои се оспорени членови од Законот за даноците на имот, од Законот за управни спорови, од Законот за медијација, од Законот за организацијата и за единствената методологија на прибирањето, евидентирањето и обработката на податоци и информации за потребите на правосудните органи од интерес за целата земја, од Законот за изменување и дополнување на Изборниот Законик, од Законот за судовите, како и од Законот за јавнотото обвинителство.

На дневен ред, меѓу другите точки се и иницијативата со која е оспорен член 7 став 2 алинеја 1 во делот „надоместок“ од Одлуката за распределба на социјални станови, како и условите за нивно користење изградени по програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија, Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки од Владата на Република Северна Македонија од 3 септември 2024 година, како и Одлуката за донесување на Регулациски план на генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт С3 19, донесена од Советот на Град Скопје

Можете да прочитате

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје

ЦУК затрупан со повици – над 8.300 пријави за само четири часа по невремето

УХМР предупредува: Невреме со дожд и силен ветер се приближува кон Македонија