Утрински Весник
Скопје

Седница на Совет на град Скопје: Изгласани субвенции за плати, но не и за еко автобуси

Otryuza6kscugpmjd7qq.jpg

Автобускиот превоз во скопје проблем кој се уште е заглавен низ лавиринтите во градското собрание. Вработените во ЈСП ќе добијат плата. Советниците во Советот на град Скопје денеска изгласаа субвенции за претпријатието, но се уште останаа неизгласани 250 еко автобуси кои според градоначалничката Арсовска му се неопходни на градот.

Арсовска не се појави на денешната седница, но се огласи на социјалните мрежи, вели дека советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на градот само поради инает одбиле да гласаат за набавка на нови еко автобуси и зголемување на бројот на пожарникари во Скопје.

„ВМРО-ДПМНЕ денес повторно докажа дека навистина нема никаква намера да работи во корист на граѓаните на градот Скопје“, велат од Град Скопје.

„Денес, советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје само поради инает одбија да гласат за набавка на нови автобуси, но и за зголемување на бројот на пожарникари во градот Скопје, неопходни за безбедноста и заштитата на скопјани“, пишува во реакцијата од Град Скопје.

Граѓаните на градот Скопје треба да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ лаже кога дава предизборни ветувања и континуирано нанесува штета на граѓаните, за лична и партиска корист“, додаваат од Градот.

Можете да прочитате

Приватните превозници од понеделник се враќаат во сообраќај, но не во целост

Нафтата што ја доби ЈСП ќе биде доволна за 2 недели, но нема трајно да го реши проблемот, вели Мицкоски

Граѓаните пробаа да влезат кај Данела, откако таа не излезе на протестот