Утрински Весник
Македонија

Седница на ЦО на СДСМ: Конгрес за избор на ново раководство и нови политики на 24 ноември, се воведуваат и два организациски секретара

20241106071405 Big 730x400 39.webp.webp

Централиот одбор на СДСМ донесе одлука дека на 24 ноември 2024 година ќе се одржи 30-тиот Конгрес на партијата на кој ќе се избре новиот Централен одбор  и ќе се разговара за идните политики на партијата.

Како што информира СДСМ, согласно одлуката на Централниот одбор, на 30-тиот Конгрес ќе бидат предложени измени на Статутот на СДСМ со воведување на уште еден организациски секретар и со прецизирање на принципите на родова еднаквост за избор на заменик-претседател на СДСМ.

-Воведувањето на два организациски секретари е поради потребата од засилување и подобрување на оперативната работа на партијата, се наведува во соопштението.

На вчерашната попладневна седница на Централниот одбор на СДСМ се разговарало за актуелната политичка и економска состојба во земјата.

– Оценка е дека за само пет месеци Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги изневерија граѓаните и ги погазија сите изборни ветувања пред и за време на изборната кампања.  Власта спроведува погрешни економски политики поради кои животниот стандард на граѓаните опаѓа, цените растат а се намалуваат платите, додека на грбот на граѓаните се товарат нови долгови. Секојдневно се случуваат бројни скандали и злоупотреби за кои нема одговорност од власта, се спроведува брутална партизација на институциите и целосно истиснување на професионалците. Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ досега не испорача никаков резултат, ја загрози европската перспектива на земјата и Македонија ја води во голема неизвесност, се вели во соопштението.

Според СДСМ, заедничка е оценката дека интензивната работа во изминатиот период води до консолидација на партијата и забележано е подобрување на атмосферата во општинските организации и до посетепено враќање на довербата.

-СДСМ и во опозиција останува на страната на граѓаните и ќе продолжи да се спротивставува на погрешните политики на власта, но и со активностите кои значат грижа за стандардот на граѓаните, преку законски решенија во Собранието, стои во соопштението. 

Можете да прочитате

Струмица го празнува Денот на заштитниците на градот

Ловечко куче извадено од провалија од екипа на Планинската спасителна служба во Охрид

Стојаноска: Oние кои противзаконски постапуваа сега ќе треба да одговараат