Утрински Весник
Свет
Img 7972

Седми ден од катаклизмата во Кина: поплавен јужниот дел на земјата, најсилно невреме во последните 150 години

Седми ден од катаклизмата во Кина: поплавен јужниот дел на земјата, најсилно невреме во последните 150 години
Dik 300x250 mk

Поради обилните дождови што ги донесе тајфунот Хаикуи, кој сега е со јачина на тропска бура, јужна Кина е поплавена веќе седми ден, а многу жители и патишта се блокирани.

dobivaj vesti na viber

Во руралниот округ Бобаи, во регионот Гуангкси, вчера спасувачите на чамци се обидуваа да ги евакуираат луѓето на безбедно од вода длабока повеќе од два метра, објавија денеска државните медиуми.

Во планинските региони на тој округ лизгањето на земјиштето уништи патишта и урна мостови, објави „Ројтерс“. Во метеоролошката станица во Бобаи беше соборен локален рекорд кога количината врнежи достигна 511,2 милиметри на квадратен метар, што е повеќе од четвртина од годишните врнежи во регионот.

Хаикуи ослабе од тајфун во тропска бура на 5 септември кога ја погоди кинеската провинција Фуџијан, но продолжи да носи обилни врнежи во јужна Кина, при што градот Шенжен беше погоден од најсилните дождови од почетокот на евиденцијата во 1952 година.

Хонг Конг го зафати најсилното невреме во последните 140 години. Метеоролозите најавија дека обилните врнежи ќе продолжат да паѓаат во Гуангкси во следните неколку дена.

Можете да прочитате

Удар од гром може да биде оправдана причини за доцнење на авион, оцени Судот на правдата на ЕУ 

Тинејџер од Македонија повторно осомничен за терористички планови во Австрија

Трамп вели дека ќе се сретне со Путин во Унгарија за разговори за Украина по „многу продуктивниот“ телефонски разговор