Утрински Весник
Свет

Седиштето на агенцијата за спречување на перење пари на ЕУ ќе биде во Франкфурт

Devizi.jpg

Претставниците на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент синоќа одлучија седиштето на новата агенција на ЕУ за борба против перење пари да биде во Франкфурт, соопшти белгиското претседателство.

Одлуката за формирање на Агенција за спречување перење пари (АМЛА) беше донесена во 2021 година како дел од поголем пакет за борба против перење пари и финансирање тероризам.
Девет европски градови се натпреваруваа да бидат седиште на новата агенција: Виена, Рим, Вилнус, Рига, Франкфурт, Даблин, Мадрид, Брисел и Париз.

Web

АМЛА ќе започне со работа во средината на 2025 година и ќе има повеќе од 400 вработени.

Новата агенција го претставува главниот елемент на реформата на рамката на ЕУ за спречување на перење пари. АМЛА ќе има директни и индиректни надзорни овластувања и овластувања да наметнува санкции и мерки.

Европската унија претходно немаше заедничко тело за контрола на валканите пари и се потпираше на националните регулатори, но земјите-членки не секогаш соработуваа целосно. 

Можете да прочитате

Русија се одмаздува: Конфискуваше над 250.000 хектари земјоделско земјиште

Тринаесет земји на ЕУ силно го поддржуваат проширувањето како придонес за стабилноста

Германија сака да го обесхрабри доаѓањето на бегалците, ќе им дава банкарски картички, а не готовина