Утрински Весник
Магазин

Седењето со скрстени нозе може да предизвика здравствени проблеми

прекрстени нозе фото24

Иако оддава впечаток на елеганција и женственост, седењето со скрстени нозе подолго од половина час може да предизвика здравствени проблеми.

Долгото седење без пауза е докажано лошо за здравјето, па ако веќе мора да седите, внимавајте да не ги држите нозете скрстени подолго од половина час, правете паузи за станување и раздвижување и правете вежби.

Ако седите подолго време со скрстени нозе може да ви се покачи крвниот притисок, дури и ако немате предиспозиции за хипертензија.

Овој начин на седење ја пореметува циркулацијата. Во крвните садови има мали вентили кои овозможуваат правилен проток на крвта, а со скрстување на нозете го зголемувате притисокот врз вените и тоа го отежнува нормалниот крвоток.

Ако седите подолго од три часа дневно може да се јават болки во грбот и неправилно држење на телото, што пак предизвикува вкочанетост на вратот и рацете.

Последици на долгото седење со скрстени нозе може да бидат и трнење на нозете и непријатност при одење.

Не заборавајте да станете и да се раздвижите на секои 30 минути седење!

Можете да прочитате

Што се случува со вашето тело ако не пешачите редовно

Германец го нападнал својот сосед, премногу гласно ги удирал шницлите

Растот на цените на горивата го зголемил бројот патници во јавниот транспорт во француските градови