Утрински Весник
Спорт

Себаљос го продолжи договорот со Реал

Себаљос го продолжи договорот со Реал

Реал Мадрид во петокот потврди дека Дани Себаљос го продолжил договорот со клубот до јули 2027 година.

dobivaj vesti na viber

„Реал Мадрид и Дани Себаљос постигнаа договор за продолжување на договорот. Играчот останува во клубот до 30 јуни 2027 година“, стои во клупското соопштение.

Дани Себаљос одигра 120 натпревари во четири сезони за Реал Мадрид и освои 11 титули за тоа време: две Лиги на шампиони, три Светски клупски првенства, два Суперкупа на УЕФА, една титула во Примера, еден Куп на Кралот и два шпански Суперкупа.

Дани Себаљос 13 пати го носел дресот на шпанската репрезентација, а со селекциите до 19 и до 21 година беше шампион на Европа.

Можете да прочитате

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид

Скопје и Гевгелија од четврток домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години