Утрински Весник
Спорт

Себаљос бесплатно се сели во Милан

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Дани Себаљос решил наредното лето, како слободен играч да го напушти Реал. Иако Карло Анчелоти го користи во ротацијата и вели дека има доверба во него, тоа не е она што тој го сака.

dobivaj vesti na viber

Себаљос сака да има важна улога во тимот и е подготвен да замине.

За него се заинтересирани Бетис и Милан. Паоло Малдини веќе неколку пати истакна дека тоа е профилот на играчот кој им е потребен на актуелните шампиони на Италија.

Себаљос кариерата ја започна во Бетис, во 2017 година како МВП на Европското првенство за играчи до 21 година се пресели во Реал за 16 милиони евра.

Никогаш не успеа да се избори за место во тимот, две сезони додека му траеше договор со Реал ги мина на позајмица во Арсенал.

Сезонава запиша само 124 минути на осум одиграни натпревари за Реал Мадрид.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина