Утрински Весник
Свет

Се зголемува бројката на загинати во новата престрелка во Србија, животите ги загубиле полицаец и неговата сестра

Се зголемува бројката на загинати во новата престрелка во Србија, животите ги загубиле полицаец и неговата сестра

Во пукотниците што се случија вечерва во Младеновац, Србија три лица загинаа, а седум се ранети. Според неофицијални информации, во престрелката загинале полицаец и неговата сестра.

dobivaj vesti na viber

Како што дознава „Нова.рс“, вооружениот напаѓач ги испукал рафалите од автомобил во движење. Постои сомневање дека пукал од автоматска пушка, а потоа избегал од местото. Сите расположливи полициски сили во моментов се на терен во потрага по вооружениот напаѓач. Засега не е позната состојбата на повредените, меѓу кои има и деца.

Да потсетиме, итните служби повикот го примија нешто по 23 часот. На местото на инцидентот се и припадници на полицијата, а по младиот У.Б., кој има 21 година и е осомничен, е распишана потерница.

Можете да прочитате

Македонец уапсен на железничка станица во Виена – баран за напад со нож при зделка со дрога

Ерупцијата на Етна предизвика штета од околу 24 милиони евра во туристичкиот сектор на Сицилија

Гренланд го запира нафтениот проект на Трамп