Утрински Весник
Свет

Орбан: Европа игра опасна игра, санкциите против Русија се чекор кон војна

Орбан: Европа игра опасна игра, санкциите против Русија се чекор кон војна
300x250 (7)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска рече дека санкциите на ЕУ против Русија се „чекор кон војна“ интензивирајќи ги критиките против стратегијата на Брисел, која тој ја смета за опасна.

dobivaj vesti na viber

„Кој ќе интервенира економски во воен конфликт зазема позиција“, рече Орбан за унгарско радио.

300x250 (7)

„Малку по малку се лизгаме кон војна“, предупреди тој изразувајќи загриженост за акумулацијата на мерките усвоени со цел да се санкционира руската офанзива во Украина.

Орбан се спротивставува и на предлогот на Европската комисија да ѝ се додели на Украина 18 милијарди евра помош во 2023 година во форма на заеми, чија камата би ја враќале земјите членки на ЕУ.

„Унгарија нема да прифати членките на ЕУ заеднички да склучуваат заеми за да ѝ помогнат на Украина“, рече тој на конференција, пренесе агенцијата МТИ.

Тој претпочита да советува да се плати единствена сума, праведно поделена меѓу 27-те земји членки.

Унгарија може да даде до 170 милиони евра како дел од билатералниот договор со Киев, рече тој.

Орбан рече дека е подготвен да се бори против евентуалниот нов пакет-мерки за Унгарија да биде изземена од него, како во случајот со ембаргото за нафта.

„Сега испраќаме деструктивно оружје, обучуваме украински војници на сопствена територија, воведуваме санкции за енергијата. Стануваме составен дел од конфликтот“, изјави Орбан.

Ss1

Можете да прочитате

САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испраќање хуманитарна помош

Во Австралија зголемен бројот за повеќе од половина на граѓаните кои живеат во сиромаштија

Лукашенко: Опозицијата и НАТО планираат напад врз Белорусија