Утрински Весник
Македонија

Се врати топлото време, се вратија и пожарите

Pozar.jpg

Со престанокот на врнежите од дожд и враќањето на топлото време, пожарите повторно ни се вратија. Центарот за управување со кризи денеска информира за девет пожари, од кои изгаснати се шест, еден е под контрола, а два се активни.

Активни се пожарите во општините Долнени и Куманово, каде во атарите на селата Браилово и Јачинце гори сува трева и штала. На терен се по седум пожарникари од противпожарните единиц.
Под контрола е еден пожар во Демир Хисар, на Плакенска планина, над селото Вирово каде гори ниска вегетација и сува трева.
Изгаснати се пожарите кај село Горно Лисиче и кај стариот Римски аквадукт во Скопје. Во Гостивар изгаснат е пожарот на ѓубриштето кај Големиот пазар. Денеска гореше и кај Василево, Свети Николе и Струга каде горела сува трева и стрништа.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница