Утрински Весник
Балкан

Се уште се трага по напаѓачот кој рани четири лица во Атина

Policija grcija.webp.webp

Во тек е полициска операција за пронаоѓање на напаѓачот кој утрово од огнено оружје рани четири лица а за кого грчките медиуми јавија дека е 89-годишен маж.

Според полицијата, осомничениот, вооружен со сачмарка, прво отворил оган во канцеларијата на Националниот фонд за социјално осигурување (ЕФКА) во центарот на грчката престолнина, при што ранил еден вработен.


Полицајците кои пристигнале на местото му укажале помош на повредениот, но напаѓачот успеал да избега.

Се сомнева дека истиот човек подоцна пукал и на приземјето на зградата на Апелацискиот суд во Атина, каде што биле повредени повеќе лица. Полицијата соопшти дека оружјето било пронајдено.

Снимки од државниот сервис ЕРТ њуз покажуваат како екипи на брза помош пренесуваат најмалку три лица од судот до амбулантни возила.

Мотивот за нападот засега не е познат. ЕРТ јавува дека напаѓачот наводно фрлил коверти со документи на подот по пукањето во судот, тврдејќи дека тие биле причината за неговите постапки.

Можете да прочитате

Пад на продажбата на весници и списанија во Грција

Турција ќе привлекува инвестиции со даночни олеснувања

Нови дојави за бомби во Загреб