Утрински Весник
Македонија

Се уште активни пожарите на Жеден и на Шар Планина

20240206090119 big 730x400 45.webp.webp
Dik 300x250 mk

Во последното деноноќие се регистрирани 17 пожари на отворено. Горела нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери, соопшти ЦУК. Од 17-те пожари на отворено, се уште се активни два – на Шар Планина и на планината Жеден.

Во ЦУК во 06.05 часот е добиена информација од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) Скопје и Полициска станица Сарај дека пожарот околу врвот на планината Жеден, каде што гори претежно трева и евентуално грмушки се уште е активен, но со намелен интензитет и дека заради тоа што во текот на денот постои можност од негово разгорување, тој ќе се надгледува.

Вчера, заради ноќни улови и непристапен терен скопската БППЗ не можеше да интервенира.

Од Национален парк „Шар Планина“ известуваат дека утрово ќе одат на терен да ја видат состојбата со пожарот над село Вешала и ќе известат за ситуацијата.

Во текот на вчерашниот ден, согласно теренот и условите, екипи на ТППЕ Тетово и ренџери од Национален парк „Шар Планина“ учествуваа во негово гаснење.

Од ЦУК повторно аплираат да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар да се пријавува на Единствениот повикувачки број 112, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Можете да прочитате

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман