Утрински Весник
Свет

Британски товарен брод оштетен во напад со дронови кај брегот на Јемен

Picture 288 660x412 1.jpg

Британски товарен брод бил оштетен од напад со беспилотно летало во Црвеното Море во близина на брегот на Јемен во текот на ноќта, соопшти поморската безбедносна компанија Амбри.

Бродот под знамето на Барбадос претрпел „мали оштетувања“, се вели во соопштението.

Британската агенција за поморска безбедност УКТМО соопшти дека бродот бил оштетен кога бил на 57 наутички милји или околу 105 километри, западно од пристаништето Ходеида, контролирано од Хутите.

Соединетите Држави синоќа извршија нов напад врз Хутите во Јемен, при што беа насочени два беспилотни летала со експлозив, соопшти американската команда за Блискиот Исток (Центком).

Американските сили ги засилија операциите во Јемен и во близина на брегот на земјата разурната од војна, со цел да ги заштитат бродовите во Црвеното Море и Аденскиот Залив од нападите на Хутите.

Бунтовниците Хути ги поддржуваат Палестинците во Газа, каде Израел се бори против исламистичкото движење Хамас.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена