Утрински Весник
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски: Последен пат бил виден во Ново Лисиче

Isceznat.jpg

МВР трага по 52-годишниот Љупчо Стојановски, чие исчезнување било пријавено вчера во СВР Скопје. Според информациите од семејството, тој исчезнал на 6 август, а последен пат бил виден на подрачјето на Ново Лисиче во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека случајот е пријавен и дека се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

„На 11.08.2026 во СВР Скопје е пријавен за исчезнат Љ.С.(52), кој според пријавителот исчезнал на 06.08.2026. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, соопштија од МВР.

Семејството апелира до граѓаните кои можеби го забележале Стојановски или располагаат со каква било информација што би можела да помогне во неговото пронаоѓање, да се јават на телефонскиот број 073/717-090.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница