Утрински Весник
Македонија

Се судрил со автомобил, па прегазил малолетничка во Куманово – девојчето е тешко повредено

Ужас во Гостивар: Автомобил прегази дете, возачот побегна

При судир на два автомобила во Куманово настрада малолетничка, која била пешак на местото на несреќата.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од полицијата, несреќата се случила вчера на крстосницата од булеварот Трета македонска ударна бригада и улицата Перо Чичо во Куманово помеѓу две патнички возила, „фолксваген голф“, едното управувано од И. К. (24) од Скопје, а другото од С. Н. (32) од Куманово, и двете со кумановски регистарски ознаки, по што возилото управувано од И. К. удрило во малолетничка од Куманово.

Во несреќата тешки телесни повреди добила малолетничката, а телесни повреди добиле двајцата возачи и уште тројца сопатници од двете возила, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од екипа.

Можете да прочитате

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

Почина македонски државјанин кој беше во притворскиот центар во Валона

Претрес во Струмица, пронајдени кокаин, хероин, марихуана и 400 семки канабис