Утрински Весник
Македонија

Се судрија „ауди“ и моторцикл: сопатник однесен во болница со тешки повреди

Моторциклист заврши во болница со тешки повреди, откако се судрија со „ауди“

Вчера во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје -Тетово, во атарот на с.Семениште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Х.(63) од с.Чајлане и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Е.А.(21) од с.Бојане, скопско.

dobivaj vesti na viber

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од мотоциклот, Ј.А.(23) од с.Бојане, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември““, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Повеќе пожари беснееја во Струмичко – спасени куќи и верски објект од пламените јазици

Сообраќајка во Куманово: Мотоцикл заврши под автомобил

Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни