Египетските власти потврдија дека телото на ајкулата е предадено на истражување со цел да се откријат причините за нејзиното однесување и да се утврди дали е истата што нападнала во неколку претходни несреќи.
Младиот Русин Владимир Попов (23) пред неколку месеци се преселил со својот татко во египетското одморалиште Хургада. Во тоа време не знаел каква страшна судбина ќе го снајде. Тој почина во четвртокот во напад на ајкула, а на овој трагичен настан присуствуваше и неговиот татко.
„Отидовме на плажа да се опуштиме. Син ми го нападна ајкула. Се’ се случи за неколку секунди“, изјави Јуриј Попов, таткото на жртвата.
Медиумите прво објавија дека девојката на Владимир успеала да побегне од морето откако ѕверот го нападнал Владимир, но неговиот татко вели дека тоа не е вистина. Според него, таму каде што бил Владимир, немало кој да му помогне.
Vladimir Popov was heard screaming ‘papa’ as he was mauled to death by a shark today in … https://t.co/UYxH9NRivU via @MailOnline
— Birutė Sungailienė (@sungailiene) June 9, 2023
„Како некој можеше да му помогне? Таа мелница за месо нападна за 20 секунди. Го повлече син ми под вода”, рекол несреќниот татко.
Тој додава дека немилиот настан во кој загина неговиот син бил „зла судбина“ бидејќи, како што наведува, плажата на која се наоѓале се сметала за безбедна, а досега напади се случиле само на диви плажи.
Јуриј планира да ги кремира пронајдените останки на неговиот син и да ја однесе неговата пепел во нивната родна Русија.
На видеото снимено од ужаснетите гледачи се слуша плачот на Владимир: „Тато, тато, спаси ме!“.
Еден од набљудувачите од плажата рекол дека за прв пат со свои очи видел како ајкула убила некого.
Ајкулата беше заробена по нападот. На видеото кое подоцна беше објавено може да се види како убиеното животно се влече на брегот.