Утрински Весник
Македонија

Се санира светлосната сигнализација на крстосниците во централното градско подрачје

Се санира светлосната сигнализација на крстосниците во централното градско подрачје

Екипите на Јaвното претпријатие Улици и патишта Скопје денес продолжија со интервенции за санација на оштетените латерни на семафорите од невремето што вчера го зафати градот.

dobivaj vesti na viber

Исправени се искривените латерни на семафорите пред Влада на крстосница булевар Илинден со булевар Свети Климент Охридски, на улица М.Х Јасмин со булевар Кирил и Методиј, семафорите кај ТЦ Три Бисери на булевар Јане Сандански и на крстосница улица Никола Карев со улица Самоилова.

Извршена е и демонтажа на целосно оштетени латерни на семафорите на Мајчин дом, булевар Борис Трајковски, и на крстосница булевар АСНОМ со булевар АВНОЈ, на кои во текот на деновите што следат ќе бидат поставени нови латерни за целосна функционалност на светлосната сигнализација на ова подрачје.

Можете да прочитате

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски

Приведен охриѓанец, вперил пушка кон неколку лица кои го нападнале неговиот малолетен син

Детали: Од „аудито“ не остана речиси ништо – загинаа братче, сестричка и нивната баба во Словенија